Пилотот на Ред Бул, Холанѓанецот Макс Верстапен, ја прекина доминацијата да Мерцедес од четири победи во новата сезона, откако славеше на петтата трка во Формула 1, што се возеше во Силверстон, која воедно ја одбележа 70-годишнината од првото ГП во историјата.

За Верстапен ова е деветта победа во кариерата, а прва во Велика Британија. Тој со својот препознатлив агресивен стил на возење, но и со тактично добро водење на трката од неговиот „бокс“ дојде до првата победа сезонава со која ја прекина доминацијата од четири триумфи за возачите на Мерцедес.

Одличната стратегија во боксот на Ред Бул, каде што изборот на неговиот тим да ја започне трката со тврди гуми се покажа како најдобар. Верстапен одлично се движеше на патеката и ја одржуваше предноста пред двоецот не Мерцедес – Ботас и Хамилтон, кои стартуваа од првиот ред.

Четврти низ целта мина Шарл Леклер, додека одличниот настап на Ред Бул го комплетираше Александер Албон, кој заврши на петтото место.

Инаку, актуелниот шампион Хамилтон на оваа трка во Силверстон успеа да израмни уште еден рекорд на Михаел Шумахер. Ова е 155. подиум во кариерата со кој се израмни со легендарниот Германец. Британецот на следната трка ќе има можност да стане најуспешниот пилот во историјата на Формула 1 по бројот на трки на кои успеал да дојде до подиумот.