ХАЕМУС и Poetry SLAM Macedonia: Отворен конкурс за видео слем поезија

162

ХАЕМУС (Центар за научно истражување и промоција на културата) во соработка со Poetry SLAM Macedonia отвора конкурс за доставување на видео со слем поезија на тема „Заеднички култури, заедничко наследство, заедничка одговорност“. Темата го отсликува глобалниот контекст на наследството како дел од културниот идентитет во времето на брзата демографска промена, конфликтите и нестабилната животна средина.

“Независно дали се работи за локалитети, пејзажи, практики (обичаи) или збирки (артефакти и/или уметност), со оваа тема е опфатено разновидното културно наследството и нашата колективна одговорност да го заштитиме, презентираме и да го пренесеме на следните поколенија неговото значење и неговата вредност. Истражете што е она кое ве инспирира од одредено културно наследство кое е од особена важност за вас лично или за местото каде живеете и споделете ја вашата поезија со јавноста поттикувајќи дискусија и дијалог“, велат од ХАЕМУС.

Сите поети и поетеси треба да достават авторска поезија во видео запис, кој треба да се испрати најдоцна до 15. април на мејловите: contact@haemus.org.mk и poetry.slam@yahoo.com. Настанот ќе се одвива онлајн. Пристигнатите видеа по одобрувањето од страна на меѓународно жири формирано од страна на Поетри Слем Македонија, по редослед ќе бидат подигнати и пуштени на социјалните мрежи на ХАЕМУС на 18. април (12 ч).