Фудбалерките од Портланд Торнс и Канзас Сити покажаа високо фудбалско ниво, па покрај потезите со кои фудбалерките воодушевија, покажаа и агресивност во играта за која би им завиделе и ММА борците.

Тие беа толку брутални што судијата мораше да реагира, па подели и четири црвени картони. Сето тоа се случи во 90-тата минута од мечот, а оваа ситуација беше настан на денот во спортските вести во САД.