Франција не е веќе водечки извозник на електрична енергија во Европа

78

Во првата половина на 2022 година, Франција беше престигната од Шведска. Германија, исто така, напредува во извозот на електрична енергија, јави дописникот на МИА.

Причината е пред се колапсoт на француското производство отколку зголемување на производството во Шведска. Ова според извештајот на аналитичарот за енергетски податоци EnAppSys, објаснува зошто Франција го загуби првото место како нето извозник на електрична енергија помеѓу јануари и јуни 2022 година.

-Франција од нето-извозник, на почетокот на годината, стана нето-увозник, што е резултат на драматичниот пад на нејзината вкупна нето-позиција, пишува британската структура. Таа го објаснува овој пресврт од 180 степени со „структурни проблеми со нејзината нуклеарна флота“. Посериозно, тешкотиите со кои се соочува земјата би можеле да траат.

-Ситуацијата не покажува знаци дека наскоро ќе се подобри, изјави Жан-Пол Хареман, директор на EnAppSys BV.

Покрај топлотниот бран, кој принуди да се затворат одредени електрани, како онаа на Трикастин (Дром), поради високите температури на реките, француската флота се соочува со проблеми со корозија кои влијаат на одредени реактори и доведе до исклучување на 12 од нив (од вкупно 56).

Земјите од северна Европа во голема мера доминираат на ова рангирање. Зад Шведска, која извезе 16 терават часови (TWh) струја помеѓу јануари и јуни, главно во Финска и Данска, се наоѓа и Германија. Водечката економска сила на континентот испрати 15,4 TWh електрична енергија до своите соседи. Двојно во претходната половина од 2021 година, со цел особено да се задоволи француската побарувачка.

Далеку назад, на третото скалило е Бугарија со 6,6 TWh. Од друга страна, нема промена на задниот дел од листата каде Италија останува водечки нето увозник во периодот со 22 TWh кои што доаѓаат главно од Швајцарија и Франција.