ФОТО: Шампионот спаси кожа

107

Актуелниот шампион, тимот на МЗТ Скопје, многу потешко од очекуваното ја доби првенствената пресметка против екипата на Кожув. Иако се очекуваше лесен триумф на „металците“, дуелот во СРЦ „Јане Сандански“ заврши со минимален триумф на домаќинот од 76:74.

Дамјан Стојановски и Бојан Крстевски со по 23 поени беа најдобри поединци во победничкиот тим, додека најефикасен во таборот на Кожув беше Мареро со 19 поени и девет скокови.

ФОТО: П.Стојановски