Може звучи неверојатно, но ракометната репрезентација на Египет е светски шампион во кадетска конкуренција откако во финалниот натпревар кој се одигра во Скопје ја совлада селекцијата на Германија со 32:28.

Во мечот за третото место, Данска со убедливи 35:27 ја совлада селекцијат на Португалија, а македонската репрезентација на ова првенство заврши на 13.место.

ФОТО: П.Стојановски