ФОТО: Втора победа за МЗТ Скопје во АБА-лигата

30

Македонскиот кошаркарски првак, МЗТ Скопје Аеродром синоќа ја забележа втората победа во регионалната АБА-лига.

Аеродромци ја совладаа Мега МИС со 94:82.

Најефикасни во победничкиот состав беа Бре Ајви со 15 поени, четири скока и шест асистенции беше лидер и Кафи кој постигна 14 поени со осум асистенции.

Следен противник на МЗТ Скопје во јадранската лига е Игокеа следната недела.

По осум натпревари „сино-белите“ се на 12.место со скор две победи и шест порази.

ФОТО: П.Стојановски