Поранешниот прв човек на Формула 1, Берни Еклстон, даде свој коментар за потенцијалната скратена сезона.

Почетокот на сезоната во Формула 1 е одложен поради пандемијата на коронавирусот, иако не делеа само неколку часа од стартот на првата трка за Големата награда на Австралија.

Откажани се трките во Азербејџан, Бахреин, Кина, Холандија, Шпанија и Виетнам, додека трката во Монте Карло е одложена.

  • Мора да ја откажеме оваа сезона и да се надеваме дека следната ќе оди според планираното. Не гледам друго сценарио каде раководителите на Формула 1 би можело да обезбеди услови за да ги задржат сите трки на календарот. Ако не грешам, минимално мора да има осум трки во сезоната. Замислете си сценарио од таа ужасна сезона каде би гледале осум трки и на сите од нив победи Луис Хамилтон, истакна Еклстон.

Инаку, свое мислење даде уште еден влијателе н човек во Формула 1. Првиот човек на Мекларен, Зек Браун, пак, изјави дека најбрзиот циркус во моментов е пред колапс.

  • Ова може да уништи тимовите, но не само нив, туку целата Формула 1, која во моментов е пред колапс и е во многу критична ситуација. Ако не реагираме навреме и го победиме она што се случува со нас, многу екипи би можеле да се откажат од натпреварувањето. Мислам дека дека оваа криза дојде во најлош можен момент, започна Зек Браун.