Францускиот пилот Роман Грожан смета дека Формула 1 е „шоу“, а не спорт, поради тоа што е неопходно да имаш добар болид за да направиш некаков резултат, што не е фер.

Французинот има 164 старта во Ф1 кариерата со десет подиуми, а откако пристигна во Хас во 2016 година не беше блиску до подиумот и беше мета на критики поради слабата форма, но доби договор и за 2020.

-Имав среќа 10 пати да сум на подиумот. Требаше да победам на две ГП трки, Европското ГП во 2012 и Германското ГП во 2013, но не ми тргна. Ја нарекуваме Формула 1 спорт, но дали е така? Не сум сигурен. Се работи за шоу, бидејќи спортот треба да биде фер. Има големо побарување, а тоа е како да го пратите Роже Федерер со пинг-понг рекет на Ролан Гарос. Ниту тој не би имал шанса. Дали тенисот би бил спорт, ако има различни рекети или ако теренот е поширок на една страна?, вели Грожан