Фон дер Лајен:Ве сакаме во ЕУ, сега таа е следна да испорача

85

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лејен која е во посета  на нашата земја, попладнево се обрати на заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев.

На почетокот таа прво се заблагодари што беше приемна во МКЦ, да се види што е постигнато со поддршка на ЕУ.

На влезот го видов Малиот принц, а тоа е симбол за пријателство, симбол што не обединува нас ЕУ и С. Македонија. Ве сакаме во Европската унија, постигнавте огроме напредок, и навистина ми е чест поради тоа. Морам да нагласам дека сега Европската унија треба да испорача, истакна таа.

Заедно сме во битката против Ковид-19 и треба да издржиме во тоа, порача таа.

Досега се испорачани 325 илјади дози вакции на С. Македонија, тоа го испорачавме, а ќе испорачаме уште. Треба да се нагласи дека не се важни само вакцините, туку и вакцинацијата, апелирам луѓето да се вакцинираат затоа што само така ќе се надмине оваа пандемија, да не дојде до пандемија на невакцинираните.