Фон дер Лајен пречекана пред Владата/ФОТО ГАЛЕРИЈА

229

Попладнево пред Владата пристигна претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, која ја пречека премиерот Зоран Заев.

Фото. П. Стојановски

Претходно на скопскиот аеродром, Урсула фон дер Лајен беше пречекана од вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.

Добредојде во Северна Македонија за претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен!Посетата е силен сигнал за потребата од дејствување и исполнување на европското верување: почеток на преговорите.,Исчекор ни е повеќе од потребен за да ја вратиме вербата и надежта на младите луѓе во европската идеја и перспективата за европски начин на живот дома, напиша Димитров на Фејсбук.