Кошпаркарите на Академија ФМП претрпе уште еден пораз во БИБЛ лигата, откако на домашен терен загубија од Макаби Хаифа со 112:89 и со тоа ја продолжи негативната серија во ова натпреварување.

Освен во првата четвртина која ја доби македонскиот претставник со 23:17, другото се мина во знакот на гостинот кој го запиша четвртиот триумф во седмиот меч, додека скопскиот состав го претрпе шестиот пораз во исто толку натпревари.

Најефикасен кај ФМП беше Ајви со 33 поени, додека на спротивната страна прво име беше Рајс Јуниор со 30 кошеви.

Академија ФМП во следното коло му гостува на бугарски Левски.