Голгетерот на Баерн од Минхен, Роберт Левандовски, сосема заслужено ја освои престижната награда „The Best“ за 2021 година на церемонијата на ФИФА.

Светската куќа на фудбалот исто така го избра идеалниот тим за 2021 година, а во него влегоа:

Голман: Џанлуиџи Донарума

Одбрана: Рубен Дијаш (Манчестер Сити), Леонардо Бонучи (Јувентус) и Давид Алаба (Реал Мадрид)

Среден ред: Жоржињо (Челзи), Канте (Челзи) и Кевин де Бруин (Манчестер Сити)

Напад: Лионел Меси, Кристиано Роналдо, Ерлинг Халанд и Роберт Левандовски.

Изненадување за мнгомина е тоа што во овој состав не се најде Карим Бензема кој беше главна фигура во составот на Реал Мадрид во освојувањето на домашната титула во Шпанија.