Финансиска помош од Општина Карпош за лицата со попреченост

79

Општина Карпош со одлука на Советот ќе додели околу 500.000 денари еднократна финансиска помош лица со попреченост кои живеат на нејзина територија.

Членовите на Советот, на денешната седница одобрија 100.000 денари финансиски средства за набавка на еколошки и дидактички материјали и играчки за децата од предучилишните установи, додека на   Пливачкиот клуб  „ АКВА ПРО АКАДЕМИЈА Мартин Стефановски ” за организација на новогодишен пливачки натпревар „ Аква Про- Дедо Мраз” ќе бидат доделени 100.000 денари парична поддршка.

Советниците ги изгласаа и предлог- решенијата за давање на согласност на статутарните одлуки за донесување на нови статути во сите десет основни училишта кои се наоѓаат на територијата на Општина Карпош.  Членовите на Советот ги  изгласаа  и  одлуките со кои ќе се воведе регистер на основните општински училишта и детските градинки од Карпош, соопшти општинската прес-служба.