Филм: „Тишината на белиот град“ – и потрагата по убиец

83

„Тишината на белиот град“ е шпанскиот криминалистички трилер и екранизација на првиот роман-бестселер, трилогијата на шпанската писателка Ева Гарсија Де Уртури која ги спојува сегашноста и темното минато.

Безживотните тела на еден млад пар се пронајдени голи во катедрала во шпанскиот град Викторија. Криминалистичкиот профајлер Унаи и заменичката на комесарот Алба, го добиваат овој мистериозен случај, но набрзо откриваат дека станува збор за сериски убиец, кој го тероризира градот веќе 20 години со неговите ритуални убиства. Напорната истрага, полна со мрачни ќорсокаци, ги доведува полицајците до работ и ги приморува да се соочат со безобзирниот убиец кој може е поблиску до нив отколку што веруваат…

Режијата е на Даниел Калпарсоро, а улогите ги толкуваат Белан Руеда, Хавиер Реј, Аура Гаридо, Маноло Соло. Филмот може да се види во градските кина.