Филм: „Супернова“ – и заедно поминатото време

69

„Супернова“ (Supernova) е насловот на британската љубовна драма која наскоро треба да пристигне во градските кина.

Во неа Сем и Таскер патуваат низ Англија во нивниот стар кампер со цел да ги посетат нивните семејства, пријателите и омилените места од минатото. Отакако Таскер, пред две години, заболел од деменција, нивното заедничко време претставува најважното нешто што го поседуваат…

Режијата е на Хери Мекквин, а улогите ги толкуваат Колин Фирт, Стенли Туци, Пипа Хејвуд.