Филм: „Невидливиот живот на Еуридисе Гузмао“ – на „Браќа Манаки“

79

„Невидливиот живот на Еуридисе Гузмао“ во режија на Карим Ајнуз, чија кинематограферка е Хелен Лувар е филмот што ќе се прикаже утревечер (16 септември), со почеток од 21 часот, во Центарот за култура во Битола, а во рамки на 40. јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

Во ова бразилско-германско остварување дејството се случува во Рио де Жанеиро, во 1950 година каде Евридика (18) и Гвида (20) се две неразделни сестри. Тие живеат дома и секоја има свој сон: едната да стане позната пијанистка, а другата да најде вистинска љубов. Поради нивниот татко, принудени се да живеат една без друга. Разделени, ќе преземат контрола врз својата судбина, никогаш не откажувајќи се од надежта за повторно обединување…