Филм: „Кинцсем, обложи се на одмазда“ – историска авантура

107

„Кинцсем, обложи се на одмазда“ (Kincsem, 2017), е насловот на филмот кој на Факултетот за ликовни уметности Сули-ан ќе биде прикажан вечерва (13 јули) во 21 часот.

Оваа унгарска историска авантура во режија на Габор Херенди има освоено две награди на Унгарската филмска недела, како и номинација на Меѓународниот филмски фестивал во Кливленд.

Ерно изгубил сè по Унгарската револуција од 1848 година. Но прекрасниот коњ Кинцсем му дава смисла на неговиот автодеструктивен живот. Ерно добива шанса да поврати сè што изгубил и да се одмазди…

Филмот „Кинцсем, обложи се на одмазда“, всушност, поставува прашање дали можат повторно да се повратат љубовта и славата и дава одговор.

Главните улоги во ова филмско остварување ги толкуваат: Ервин Наѓ, Андреа Петрик, Тибор Гашпар…

Овој европски филм е дел од Кафе-киното во рамките на манифестацијата Скопско лето.