Филм “Додека мајка ми исчезнуваше“ – за модната икона

111
Autosave-File vom d-lab2/3 der AgfaPhoto GmbH

„Додека мајка ми исчезнуваше“ (The Disappearance of my mother) е наслов на филмот кој македонската публика ќе има можност да го види во рамките на Фестивалот за документарен филм „Македокс“.

Една легендарна модна икона се труди да избега од светот на рефлекторите и да исчезне засекогаш. Во 1960-тите таа била музата на Ворхол, Фали, Пен и Аведон. Како радикална феминистка во 1970-тите, се борела за женските права и еманципација. Сепак, на седумдесет и петгодишна возраст се презаситила од играње на сите улоги кои ú ги наметнал животот и решила да се повлече од сè и од сите луѓе кои ги познава и да исчезне што подалеку од светот што ја опкружува.

Сепак, нејзиниот син е решен да направи филм за неа, па таа одново се соочува со будното око на камерата…

Филмот кој е италијанско-американска копродукција е во режија на Beniamino Barrese.