Филм: „Го сретнав Горбачов“ – во Куршумли-ан

140

„Го сретнав Горбачов“ – во режија на Вернер Херцог и Андре Сингер е документарецот кој утревечер (22 август) со почеток од 23 часот во Куршумли-ан ќе се прикаже во рамки на 10. Фестивал на креативен документарен филм „МакеДокс“.

Визионерот Михаил Горбачов, поранешниот генерален секретар на ССР, си го има забавено животното темпо, денес има 87 години и боледува. Сепак, леко и одлучно се пробива кон своите цели. Режисерот отворено ја искажува својата наклонетост, славејќи ги трите достигнувања на Горбачов: преговорите со САД за намалување на нуклеарното оружје, прекинот на советската контрола врз Источна Европа, повторното обединување на Германија, како и распадот на Советскиот Сојуз и Источниот блок. Сето ова за само шест години! Или како што вели еден германски дипломат за Горбачовиот маневр: „Сè се случуваше толку бргу што… противниците беа стаписани од реалната ситуација“. Потсетник за тоа колку вртоглаво и непредвидливо се менува светот.