Филм: „Ајка“ и „Пирани“ – на Браќа Манаки

77

„Ајка“ на режисерот Сергеј Дворцевој чија кинематограферка е Јоланта Дилевска е филмот што ќе се прикаже утревечер (18 септември), со почеток од 21 часот, во Центарот за култура во Битола, а во рамки на главната Компетиција Камера 300 на 40. јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Во ова германско-полско остварување, Ајка само што се има породено, но не може да си дозволи да одгледува дете. Нема работа… има долгови за плаќање, а нема ни сопствена соба. Но нема начин да се потиснат нејзините природни инстинкти…

Подоцна, истата вечер и на истата локација, од 23,10 часот ќе се прикаже „Пирани“ на режисерот Клаудио Џованези и кинематограферот Даниеле Ципри, исто така во рамки на главната Компетиција Камера 300. Во ова италијанско остварување десет момчиња се тркаат со своите мотоцикли низ тесните улици на нивната населба Санита во Неапол. Тие се бестрашни вжештени глави, очајни да заработат пари како нивните идоли и да носат дизајнерски облеки и најнови патики. Овие 15-годишни момчиња ги користат градските покриви за да вежбаат пукање со пушкомитралези…