Филм: „Акварела“ – филмско нуркање низ убавините на водата

115

„Акварела“ во режија на светски познатиот документарист Виктор Косаковски е документарецот кој утревечер (23 август) со почеток од 21 часот во градското кино Милениум ќе се прикаже во рамки на 10. Фестивал на креативен документарен филм „МакеДокс“.

Ова остварување е филмско нуркање низ непредвидливата убавина и безмилосноста на водата. Нејзиниот ќудлив нарав и суровата сила докажуваат дека луѓето се само бледа сенка на природата. Од опасните ледени води во руското Бајкалско Езеро, преку Мајами среде вителот на ураганот „Ирма“, па сѐ до венецуелските Ангелски Водопади –  стожерниот лик во оваа приказна е водата, прикажана во сиот свој раскош и ужас.