Филипче: Секој од нас е заменлив, никој не е венчан за функцијата

47

Секој од нас е заменлив, никој не е венчан за функцијата, таа е мој генерален став по однос на се, истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција како одговор на новинарското прашање во врска со изјавата на премиерот Зоран Заев дека тој добро ја менаџира функцијата министер, и дека сега не е време во оваа пандемија да избере нов министер.

Филипче, на денешната прес конференција, не сакаше да одговара на прашања поврзани со трагедијата што се случи во Тетово, односно за пожарот во модуларната болница, при што настрадаа 14 граѓани. Тој побара да не коментира додека тече истрагата.

-Дозволете ми да не коментирам бидејќи има истрага, јас ќе бидам на располагање по завршувањето на тој процес, истакна министерот.