Министерот за здравство Венко Филипче истовремено најави дека  денеска пристигнува и нова пратка од 100 илјади вакцини на „Фајзер“ преку Ковакс системот. Кинески вкацини, веднаш ќе бидат складирани во ладилните комори во поликлиниката „Јане Сандански“ и на Инстититот за судска медицина каде што има доволен капацитет во ладните соби да се сместат сите вакцини.

 

Во недела на Скопскиот аеродром со два авиони по 250 илјади дози ќе пристигне пратката од 500 илјади кинески вкацини, кои што веднаш ќе бидат складирани во ладилните комори во поликлиниката „Јане Сандански“ и на Инстититот за судска медицина каде што има доволен капацитет во ладните соби да се сместат сите вакцини. Од идната денела вакцините ќе бидат пуштени во употреба и ќе продолжи масовната имунизација на населението.

Министерот за здравство Венко Филипче нагласи  дека во следниот период следува забрзано темпо на вакцинација, откако се покажало дека вакцините штитат и од индискиот сој на коронавирусот. Како што вели имало случаи во некои земји каде и вакцинирани се заразиле со индискиот сој, но во огромен процент минале со лесна клиничка слика и без хоспитализација.

-Сите анализи што ги правиме со околните земји покажуваат дека скоро нов бран нема да има, но тоа не значи дека не треба да бидеме внимателни- вели министерот Филипче и истовремено најави дека  денеска пристигнува и нова пратка од 100 илјади вакцини на „Фајзер“ преку Ковакс системот.

Вакцинацијата во земјава се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица или граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура.

-До сега се имунизирани една третина од наставниот кадар,оние што беа на работа со физичко присуство, а до крај не летово е планирано да се имунизираат и останатите наставници, за евентуалниот почеток на учебната година од 1 септемрви-вели министерот Филипче.

Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 458.040 граѓани.  На вакциналните пунктови во државата досега  вакцинирани се вкупно 281.847 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 488.010 дози вакцини, а ревакцинирани се 206.163 граѓани.

Со последните бројки 51 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина,  45 % од населението над 65 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина и 38 % од населението над 60 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина.  

Филипче деновиве кажа дека протоколите за учебната година се речиси готови, само уште некои технички детали, да се доработат од страна на работната група, во која членуваат претставници од МОН и епидемиолози од Комисијата за заразни болести.

-Планирано е да присуствуваат сите деца, 100 проценти од вкупниот број во класовите. Мерките се: дезинфекција, често проветрување на училниците, немешање на различни класови. Протоколите ќе бидат целосно завршени за две недели-информира министерот.

(В.Ма.)