Пилотот на Ферари, Германецот Себастијан Фетел, повторно се најде на критики од страна на јавноста поради слабиот настап на трката за Големата награда на Германија, каде во квалификициите го освои шестото место, а на крајот од трката заврши меѓу последните возачи. На неделната трка Фетел изгледаше добро се до моментот кога направи голема глупост и удри во задниот дел од болидот на Макс Верстапен, поради што беше исфрлен од патеката и на крајот мораше да се задоволи со едно од последните места на гридот.

  • Не сум премногу загрижен, знам дека резултатите ќе си дојдат сами по себе. Едвај ја чекам новата трка, изјави Фетел за италијанските медиуми и воедно се обиде да ја смири јавноста од лошите пишувања за него во последните неколку дена.

Со тоа тој заокружи една година по катастрофалните настапи пред се поради свои грешки кои започнаа уште на трката за Големата награда на Хокенхајм, кога сигурната победа ја упропасти со несреќно излетување на песочната површина крај патеката од која не успеа да се извлече во завршните кругови од трката.

Наредната недела на програмата е токму оваа трка, на кој ќе стартува десет места поназад поради казната која ја доби од стјуардите по сударот со Верстапен.