EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Извршниот директор на Ферари, Фредерик Васер, призна дека тимот му ја уништил на Шарл Леклер трката за Големата награда на Монако. Леклер се квалификуваше како трет, но беше казнет со губење на три позиции на стартот поради блокирањето на возачот на Мекларен, Ландо Норис. Во изјавата на стјуардите се нагласува дека инженерите на Скудерија доцна го предупредиле Леклер.

  • Тој е разочаран од настапот во Монако веќе неколку години и, секако, имаше тежок момент во саботата. Можам само да се извинам во име на тимот. Треба да ја подобриме комуникацијата помеѓу боксот и пилотот во такви услови. Мислам дека тоа се околностите – сè се случи во тунелот итн. Но, во ред, да се потрудиме да не бараме изговори, бидејќи ова е најлошиот начин да напредуваме. Треба само да ги исправиме грешките. Мислам дека можеше да заврши трката сосема поинаку ако Леклер стартуваше од третото место – изјави Васер за „Моторспорт“.