Мнозинскиот сопственик на франшизата во НБА – Финкис санс и ВНБА-франшизата – Феникс Меркјури, Роберт Сарвер, изјави дека го започнал процесот на продажба на двата клуба.

Неговата одлука доаѓа откако објави НБА дека сопственикот на Санс ќе биде суспендиран на една година и ќе мора да плати казна од десет милиони долари по истрагата за незаконско однесување на работното место.

  • Зборовите за кои длабоко жалам, сега фрлаат сенка на двете децении работа и на градењето организации кои ги зближија луѓето, го зајакнаа интегритетот на Феникс и ги обединија луѓето околу професионалниот машки и женски кошаркарски тим. Како верник, верувам во простувањето. Се надевам дека изречената едногодишна суспензија ќе ми даде време да се концентрирам и да ги тргнам моите лични контроверзии подалеку од тимовите и од љубовта на толку многу навивачи – истакна Сарвер.