Кошаркарите на Фенербахче продолжуваат да мелат се пред себе, откако во рамки на 22. коло славеа над Макаби Тел Авив со 82:75. Ова за турскиот гигант е седма победа во низа, а до неа дојдоа благодарение на одличната партија на триото Јан Весели-Нандо де Коло-Дајшон Пјер, кои заедно уфрлија 49 поени.

Фенербахче сега има скор од 12 победи и десет порази, со што се изкачи на осмата позиција на табелата, додека Макаби има скор од 10-12.

Резултати: Анадолу Ефес – Црвена звезда 86:72, Химки – Баерн Минхен 93:95, Фенербахче – Макаби ТА 82:75, Армани Милано – Олимпијакос 90:79, Барселона – Зенит 85:81.