Легендарниот тенисер кој се натпреваруваше само во двојки Тод Вудбриџ, а сега е аналитичар даде свое мислење за состојбата на Швајцарецот Роже Федерер.

-Мислам дека веќе нема да го видиме во Австралија. Федерер нема да оди ниту на трофејот на Ролан Гарос, има 40 години… Сметам дека тој ќе излезе и ќе одигра добри мечеви, ама да победи на седум во низа на грен слем турнирите, мислам дека тоа повеќе нема да го видиме, изјави Тод Вудбриџ.

Веќе од ваа недела, Федерер ќе испадне од топ десет на АТП ранкингот. Швајцарецот работи да се врати од повредата, ама реално тешко е да се очекува дека повторно ќе биде исклучително конкурентен.