Фајзер поскапе, ЕУ набавува уште две милијарди дози

138

На Европската унија ќе и бидат потребни дополнителни две милијарди дози вакцини против Ковид-19 од 2022 година натаму, објави Европската комисија. Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека веќе е договорено да се потпише договор за набавка на дополнителни 900 милиони дози вакцина Фајзер по повисока цена во споредба со првичните договори.

Брисел потврдува дека веќе се започнати договори за набавка на дополнителни дози на вакцини што ќе се користат за „следните фази на пандемијата“.

„Треба да бидеме подготвени за фактот дека има потреба од втора ревакцинација, потреба за одбрана од нови видови на вирусот, како и потреба за идна вакцинација на деца и тинејџери“, објаснија официјалните лица.

Во ЕУ е „идентификувана“ потребата од скоро две милијарди дози со цел земјите да се соочат со претстојните предизвици, а во консултација со земјите-членки покренато е потпишување на нови договори.

ЕК не сакаше да ги коментира наводите на бугарскиот премиер за повисоката цена на вакцината Фајзер, наведувајќи дека деталите од договорот не можат да бидат презентирани, ниту дека може да се споредат со претходните договори, кои вклучуваат „инвестиции во развој на вакцина развој“ со нови набавки.

Борисов, инаку, рече дека цената на вакцината Фајзер скокнала од првичните 12 евра на 19,5 евра за последната нарачка од 900 милиони дози.