Уште еден голем хуманитарен гест на ѕвездата на Барса

115

Покрај кошаркарските квалитети, играчот на Барселона е познат и како голем хуманитарец. Црногорецот со шпански пасош често пати им помага на оние кои им е најпотребна помош, а за тие акции речиси и никој не знае. Јавноста овој пат дозна за уште еден негов гест кој го направи со големо воодушевување.

Имено, на кошаркарот на каталонскиот гигант овој пат на Инстаграм му се јави еден студент кој се пожали дека поради него паднал на тикет во обложувалница. Му недостасувало еден поен на Миротиќ за да дојде до сумата со која би ја платил ратата на факултет, а веројатно не се ни надевал дека ќе добие повратен одговор од Црногорецот.

Миротиќ се понудил да му ја плати на студентот од Србија ратата за факултет, а воедно му дал насоки на кој начин да ги земе потребните пари.

Пораките помеѓу Миротиќ и студентот се појавија и на социјалните мрежи, а одличниот гест ги воодушеви сите.

  • Ауууу брате, не можеше да дадеш уште еден поен против Алба вечерва, паднав на тикет за 200 евра. Само што помислив да ја платам ратата на факултет, гласеше првичната порака на студентот, поради која следуваше одговор: „Жал ми е ако не си во можност да ја платиш твојата рата за факултет и што не го доби тикетот вечерва. Јас би сакал да ти ги исплатам тие 200 евра и да си ја платиш ратата. Секое добро“, одговори ѕвездата на Барса, а потоа му испрати порака како би била извршена исплатата.