Украинката Елина Свитолина и Холанѓанката Кики Бертенс го откажаа настапот на  САД Опен оваа година. Претходно, првата тенисерка на светот, Ешли Барти, објави дека ќе го пропушти турнирот во Њујорк.

-Со оглед на сè што се случува, решив да не играм на  САД Опен. Ги разбирам и ги почитувам сите напори направени од УСТА, организаторите и ВТА да го одржат турнирот, но не сакам да ризикувам , ни себеси и мојот тим со патување во САД, рече Свитолина.

Од истите причини настапот го откажа и Бертенс.

-Одлучив да не патувам во САД и да не учествувам на Синсинати и САД  Опен. Ситуацијата со пандемијата на коронавирусот се уште е загрижувачка, а здравјето на сите е приоритет, објасни седмата на ВТА листата.