Училиштата во Бутел добија интерактивни табли

142

Грдоначалникот Велимир Смилевски денеска ја промовираше набавката на 50-те интерактивни табли за сите основни училишта во Општина Бутел.

Исто така, набавени се и 50 проектори со ултракратка проекција. Подновени,  со најразлични реквизити, ќе бидат и спортските сали. Набавени се: душеци, топки за сите екипни спортови, мрежи и рекети за пин понг, табли и конструкциии за кош и др.

Посебно значајна е набвката на наставни помагала за деца со посебни потреби: графомоторичка табла, сложувалки со букви, со возила и животни, со магнет, со броеви, со часовник, како и креативен сет за нижење. По еден ваков комплет ќе добијат сите седум основни училишта.

Градоначалникот Велимир Смилевски, во присуство на директорите на основните училишта, истакна дека Општината во континуитет се грижи за унапредување на наставата во основните училишта за сите ученици, особено за учениците со посебни потреби кои посетуваат редовна настава. Обуката за наставниците за работење на интерактивните табли ќе се одржи во месец август, додаде Смилевски.

Целата оваа училишна набавка е во вредност од 3 763 595,00 ден. Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Бутел.