Учење без бариери и размена на добри практики во кривопаланечката гимназија преку Еразмус проекти

1536
Идентификација на учениците со специјални образовни потреби и инвалидитет, подобрување на педагошко-дидактичките компетенции и дополнување на наставата со нови креативни и иновативни наставни методи, се само дел од активнстите што ќе се спроведат во рамки на трите нови  „Еразмус +“ проекти што ќе се реалзиираат во средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка во претстојната учебна 2020/21 година.
Од кривопаланечката гимназија информираат дека одобрени се нови три проекти од „Еразмус плус“ програмата за 2020 година од страна на Националата агенција за Европски образовни програми и мобилност.
Првиот е проект за мобилност на вработените во училиштата, насловен „Мотивирани наставници дизајнираат искуства за учење без бариери“, со кој ќе се изврши идентификација на учениците со (SEND) – Специјални образовни потреби и инвалидитет, подобрување на педагошко-дидактичките компетенции, дополнување нови креативни и иновативни наставни методи, вмрежување и интернационализација на училиштето со европските земји и воспоставување долгорочна соработка. Вториот проект е од KA102 серијата, за мобилност на учениците и вработените во  стручното образование и  нивна обука, а насловен е „Европски надлежности“. Овој проект ќе се импленетира со Здружението „ИРЗ“ од Тетово, а партнери покрај нашето училиште се ССОУ „Наце Буѓони“ од Куманово, ССОУ „Моша Пијаде“ – Тетово, СУГС „Владо Тасевски“- Скопје и СЕТУ „Михајло Пупин“ – Скопје, истакнуваат од СОУ „Ѓорче Петрво“, Крива Паланка.
Оттаму информираат дека целите на овој проект да се овозможи меѓународна практично искуство како за наставниците во стручно образование и обука така и на учениците и подобрување на нивните компетенции со цел да се одговори на клучните потреби на развивање на вештини, знаење и капацитет на наставниците во стручно образование и обука за да им овозможат на поефикасно поддршка на учениците во стекнување вештини, знаења и компетенции според потребите и побарувањата на пазарот на трудот.
Со проектите, велат од средното училиште, се очекува да се изврши подготовка на учениците да бидат конкурентни на пазарот на трудот, зајакнување на национална и меѓународна соработка помеѓу институциите за стручно образование и обука, подобрување на јазичните компетенции на наставниците и учениците, како и на темите и материјали за наставниот план и програма, но и зголемување на атрактивноста на струките за нови ученици.
Нашето училиште има одобрено и проект за размена помеѓу училишта , насловен „ Да Европа 3- младите студираат и работат во Европа“, со цел размена на добри практики, а гимназијата од Крива Паланка ќе биде партнер со училишта од земјата апликант-Германија, со Белгија и Бугарија. Учениците ќе имаат можност да разговараат со компании, центри за работа, факултети и стопански комори од сите држави, да се запознаат со можностите за студирање и работа во Европа., со што ќе им помогне полесно да ја одберат својата идна професија, посочуваат од кривопаланечката гимназија.
Овој проект е насочен кон обука на средношколците за интервју, апликација за работа и сместување.
Долгорочна цел е да се намали невработеноста кај младите и да се мотивираат да побараат работа во било која Европска земја.
Извор:МИА