Утре повторно ветар и дожд, а на повисоките места снег

108

Времето утре ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег, најавува УХМР.

Пообилни врнежи ќе има попладне и во ноќните часови. На повеќе места ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог. Преку денот ќе дува слаб до умерен, а особено во источните делови повремено засилен југоисточен ветер, кој во текот на ноќта ќе се промени во северен.