Утре без струја дел од Гази Баба и Карпош

67

Поради технички зафати во електро-системот во градот Скопје, утре без струја ќе бидат дел од корисниците во општините Гази Баба и Карпош.

Како што информираат од РЦУК Скопје, утре во периодот од 8:15 до 14 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од ул.„Антон Велковски“ и ул. бр.6 во општина Г.Баба, а од 9 до 14:30 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. „Хелсинки“ во општина Карпош.