Утре без вода повеќе улици во Скопје

479

Поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-80 мм на ул. „Стив Наумов“ крстосница со ул. „Јосиф Јосифовски – Свештарот“, утре од 08:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Стив Наумов“, „Тетовска“, „Златко Шнајдер“, како и објектите на Сообраќајната Полиција и Амбулантата на МВР во општина Центар.

Од РЦУК Скопје информираат дека прекинот со водоснабдувањето ќе биде се до завршување со активностите.