УНИЦЕФ: Децата губат 1,8 трилиони училишни часови поради вирусот корона

40

Во седиштето на ОН во Њујорк, каде што се одржува генералната дебата на светските лидери, како дел од Генералното собрание на ОН, УНИЦЕФ постави дисплеј бројач на кој цифрите се менуваат секоја секунда, за да предупреди дека децата ширум светот загубиле вкупно 1,842 трилиони училишни часови досега поради вирусот корона и мерките за затворање.

Претставниците на сите делегации кои доаѓаат на Генералното собрание на ОН минуваат покрај таблата што ги брои часовите на изгубеното учење „Нема време за губење“.

Беа поставени и празни училишни столчиња, а на платото пред влезот во зградата беше напишано со големи букви „Повторно отворете ги училиштата“.

Така, УНИЦЕФ ги повикува владите да ги отворат училиштата.

Централниот дел од инсталацијата е обликуван така што изгледа како табла во празна училница, а се наоѓа на плоштадот на посетители на ОН пред зградата на Генералното собрание.

Часовникот е бројач во реално време, покажува зголемен кумулативен број часови за учење што секој ученик во светот го загуби и продолжува да го губи од почетокот на пандемијата.

Празната училница се состои од 18 клупи, по една за секој месец поради нарушувања во образованието предизвикани од пандемијата.