Скулптури од стакло во живописни бои кои блескаат во просторот како жив оргамизам

190

Американскиот уметник Дејл Чихули веќе 40 години создава незамисливи стаклен скулптури. Она што го чини посебно неговото дело е тоа што покрај помалите скулптури и употребните предмети, Чихули изработува скулптури-инсталации со големи димензии.

Покрај димензијата и неверојатните облици кои се надоврзуваат и поврзуваат во единствена симбиоза, креирајќи форми слични на жив организам, бојата е исто така една од најважните фактори во неговите скулптури.

Во своите дела Чихули раскажува за својот живот. Еден од неговите светски познати проекти е стаклената градина, која се наоѓа во дворец во средиштето на Сиетл. Зафаќа површина од еден и пол хектар и вклучува изложбена галерија, оранжерија и градина, чии елементи се изработени од стаклените скулптури на уметникот.

Организира изложби низ целиот свет, па кршливите и елегантни скулптури може да се видат во многу музеи и галерии.