Украина: Хакерска група поврзана со Белорусија извршила сајбер напади

225

Киев верува дека хакерска група поврзана со белоруското разузнавање извршила сајбер напад што ги погоди веб-страниците на украинската влада оваа недела и користеше е-пошта со вируси слични на оние што ги користи група поврзана со руското разузнавање, изјави денеска заменик секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина Серхи Демеџук.

Тој изјави за Ројтерс дека Украина ја обвини групата позната како UNC115 за нападот во петокот, кој ги прекина владините веб-страници со заканувачки пораки.

„Прелиминарно веруваме дека групата UNC1151 би можела да биде вклучена во овој напад“, рече тој.

Неговата изјава претставува прва детална анализа на Киев за виновниците за сајбер нападот на десетици локации.

Официјални лица во петокот рекоа дека Русија најверојатно е вмешана, но не дадоа детали. Сајбер нападот е извршен на сајтовите со предупредување „плашете се и очекувајте го најлошото“.

Русија ги отфрли обвинувањата како неосновани.