Украина поднесе барање за влез во НАТО по брза постапка

63

Украина и официјално поднесе барање за членство во НАТО. Овој потег го коментираше претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

„Веќе сме, де факто сојузници. Веќе ја докажавме нашата компатибилност со стандардите на сојузот. Украина поднесува барање за потврда де јуре, по забрзана постапка“ – рече Зеленски.