Убиецот од Чикаго снимал насилни песни и спотови: „Знам што треба да направам, тоа е мојата судбина“

1235

Уапсениот напаѓач од Чикаго, 22-годишниот Робет Кримо, бил рапер аматер кој на својот канал на Јутјуб објавувал насилни песни и видеа.

Полицијата уапси вооружен маж од Хајленд Парк, Чикаго, кој пукаше од покривот на продавница кон учесниците на парадата на Денот на независноста.

22-годишниот Роберт ”Боби” Кримо III имал канал на Јутјуб каде што објавувал свои рап песни, нарекувајќи се себеси Awake the Rapper.

Во неговите аматерски видеа, тој рапуваше стихови како „Моите постапки ќе бидат храбри, знам што морам да направам, тоа е мојата судбина“. На видеата тој бил облечен во панцир и шлем, а има и цртежи на кои со пушка напаѓа личност која лежи.

Најгледаното видео на неговиот канал на Јутјуб е она за песната „On My Mind“ во кое тој во борбен шлем фрла куршуми на подот од расфрлана училница.

Полицијата вели дека Роберт „Боби“ Кримо III е средно од трите деца на италијанско-американско семејство во Хајленд Парк. Неговиот татко, Боб, води локална продавница и еднаш неуспешно се кандидирал за градоначалник на таа богата населба. Хајленд парк е едно од најбогатите предградија на Чикаго и е познат по својата ниска стапка на криминал.

Во својот убиствен поход, чиј мотив се уште не е познат, Роберт Кримо застрелал шест лица од покривот на продавницата, а уште 24 лица на возраст меѓу осум и 85 години биле примени во болница. Во нападот употребил автоматска пушка која ја фрлил пред да побегне. По еден час полицијата го пронашла неговиот автомобил, го опколила и го уапсила.

Профилите на Фејсбук и Твитер за кои се веруваше дека му припаѓаат на Кримо беа отстранети откако властите го прогласија за личност од интерес.

 

Приведен осомничениот за вчерашниот вооружен напад во Чикаго