Убиен еден, повеќе од 12 повредени во пукање во Мемфис: Вработените се криеле во замрзнувач/ВИДЕО

178

Најмалку едно лице загина, а повеќе од 12 се повредени кога вооружен напаѓач отворил оган денеска во супермаркет во предградие на Мемфис во државата Тенеси, пред осомничениот да биде пронајден мртов од прострелна рана, и првите информации велат дела се самоубил.

Органите на јавниот ред и мир го обезбедија местото на случување непосредно после пукањето во супермаркетот „Крогер“ во Тенеси, и почнале да помагаат на жртвите и другите кои се криеле во продавницата.

„Затекнавме лица кои се сокриле во замрзнувачите и во заклучени канцеларии“, рече шефот на полицијата Дејл Лејн.

Напаѓачот за кого се верува дека делувал сам, е пронајден мртов на паркинг пред продавницата, соопштил Лејн. Локалните медиуми известуваат дека телото било пронајдено во возилото на напаѓачот.