Бендот Feedback постои уште од 2009 година кои на јавноста и станаа познати и по нивното појавување во емисиите „Опуштено“ со Тони и Део и Фаци. А, деновиве ја објавија и нивната најнова песна „Далеку од тебе“. Песната била готова токму кога започна пандемијата, па поради тоа тие не сакале да ја објават веднаш. Но, сепак, доаѓаат до заклучок дека добро ќе ни дојде деновиве додека сме во изолација да ги минуваме слушајќи музика. Па така, релаксирајќи се со звучните тонови да ги оттргнеме мислите од лошата моментална состојба.

– Песната е готова уште во времето кога започна пандемијата со коронавирусот, но си рековме дека можеби е подобро да почекаме за некои помирни времиња. Меѓутоа, ние сфативме дека на луѓето добро ќе им дојде малку музика во овие денови на изолација и полициски час – велат момците од бендот и додаваат дека во нивната фиока има уште една готова песна, која ќе ја промовираат кога работите ќе се вратат во нормала.

 

Автори на текстот се Лазар и Магдалена Цветковски. Но, освен песна тие објавија и видеоспот. Дарио Јанковиќ или Генерал Јанковиќ е режисер на оваа дело, а спотот е снимен на повеќе локации во Скопје и Демир Капија. (M.A.)