Уапсен крадец од Куманово, украл предмети во вредност од 280 000 денари

31

 Полициски службеници од СВР Куманово, вчера во 13:40 часот го лишиле од слобода дваесет и шестгодишниот кумановец Р.Р.

Како што информираат денеска од МВР, тој се сомничи дека на 26 декември минатата година одзел повеќе предмети од приватен имот на улицата „Перо Чичо“ во вредност од околу 280.000 денари.Дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот, а Р.Р. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.