У21: С. Македонија загуби од Шпанија

75

Младинската фудбалска репрезентација на С.Македонија доживеа пораз од Шпанија со 3:0 (1:0) во дуел од 4.коло од квалификациите за пласман на ЕП 2021, кое ќе се одржи во Словенија и Унгарија.

Избраниците на Благоја Милевски заостануваа во резултатот по само 7 минути игра откако Ману Гарсија ги изведе домаќините во предност. Серафимов си постигна автогол на почетокот на второто полувреме, а конечните 3:0 ги постави Педроса на три минути пред истекот на регуларните 90 минути.

Шпанија по денешниот триумф е лидер со 12 бода, втор е Израел со седум, исто колку што имаат и С. Македонија и Казахстан.

Нашите репрезентативци во вторник, на 19. ноември, ја очекува уште еден гостински натпревар против Фарските острови.