Турција откри големи количини гас под Црното Море

Според официјалните изјави на турските власти, во Црното Море биле откриени резерви на гас кои се проценуваат на околу 540 милијарди кубни метри. „Тоа е доволно да се задоволат потребите со гас во наредните 45 години“, изјави Бинали Јилдрим, потпретседателот на владејачката АКП и поранешен премиер. Од турското Министерство за енергетика потврдуваат дека со вадење на гасот ќе се започе во првото тримесечје на 2023 година.

555
The Black Sea

Во екот на енергетската криза, од Анкара соопштија дека под водите на Црното Море откриле огромни наоѓалишта на гас и дека од почетокот на идната година првите количини од овој енергенс треба да стигнат до домашните потрошувачи.

„Одлучивме целосно да го решиме енергетското прашање на нашата земја. Ќе продолжиме со истражувањата сè додека не станеме извозник на течен гас“, истакна турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Со започнувањето на руско-украинската криза, Турција ги одби барањата од НАТО-сојузниците да воведе санкции кон Москва, поради опасноста Русија да ја запре испораката на гас до Турција, што би било погубно за граѓаните и за индустријата.

„Не можам да дозволам да страдаат граѓаните кои користат гас од Русија. Ние од таа земја ги задоволуваме половина од потребите од тој енергенс – потенцира турскиот претседател Ердоган.

Според официјалните изјави на турските власти, во Црното Море биле откриени резерви на гас кои се проценуваат на околу 540 милијарди кубни метри.

„Тоа е доволно да се задоволат потребите со гас во наредните 45 години“, изјави Бинали Јилдрим, потпретседателот на владејачката АКП и поранешен премиер.

Од турското Министерство за енергетика потврдуваат дека со вадење на гасот ќе се започне во првото тромесечје на 2023 година.

„Во почетната фаза дневно ќе се произведуваат десет милиони кубни метри гас. За три до четири години, производството на гас ќе се зголеми на 40 милиони кубни метри“, соопштуваат од Министерството за енергетика.

Турција ги  интензивира  и подводните истражувања во источниот дел на Средоземјето, каде што се претпоставува дека се кријат големи резерви на гас.