Турски државјанин возел камион со фалсификувана осигурителна полиса

90

Турски државјанин бил лишен од слобода, откако на граничниот премин „Деве Баир“ се утврдило дека возел товарно возило со фалсификувана полиса за осигурување.

– На 02.10.2022 во 15.15 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, полициски службеници го лишиле од слобода Ј.М.(45) од Република Турција. При контрола било констатирано дека полисата за осигурување што ја доставил на увид за товарното возило  „ман“ со турски национални ознаки, кое го управувал, била фалсификувана. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. – соопштуваат од МВР.