Турската лира продолжува да слабее, стапката на инфлација достигна 70 отсто

40

Турската лира вчера падна за 16 отсто во однос на доларот, со што загубите оваа година достигнаа 18 отсто, а аналитичарите ја обвинуваат неортодоксната економска политика на државата.

Падот на лирата поттикна зголемување на годишната инфлација, која во април достигна рекордни 70 отсто.

Лирата беше релативно стабилна на почетокот на годината, главно поради политиката на владата за заштита на депозитите во лири од депрецијација, како и поради тоа што централната банка ги задоволуваше потребите на пазарот за валута преку своите резерви.

Но, војната во Украина почна да врши притисок врз лирата во март, бидејќи западните санкции кон Русија доведоа до скок на цените на енергенсите, зголемувајќи ја и онака високата сметка за турскиот увоз и поттикнувајќи ја инфлацијата.

Од Комерцбанк велат дека не може со сигурност да се каже кога лирата ќе се врати на целната вредност. Иако ова ниво засега изгледа стабилно, можно е турската валута да слабее на дневна основа.