Идната седмица во Австралија би можело да биде забележан најтоплиот ден во историјата, откако топлотниот бран од запад стигнува на истокот на земјата, предвидуваат метеоролозите.

Од среда се очекуваат температури над 40 степени Целзиусови.

Моменталниот рекорд е забележан на 2 јануари 1960 година, кога е измерена температура од 50,7 степени во градот Одандата во јужна Австралија, пренесува БиБиСи.

Во делови од земјата веќе е издадено предупредување за опасност од пожари.

Иако пожарите се вообичаени во текот на топлото лето, кое почува во декември, тие сезонава се појавија порано, поради високите температури и силните ветрови.